Прилепски музички ритам „2 дена на 3 локации“ концерти на учениците од Музичкото училиште

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Убава идеја на Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп за несекојдневно претставување на своите ученици, музички таленти. Наместо еден концерт кој што вообичаено се одржува во ЦК Марко Цепенков, среда на 20 ти, и в четврток на 21 ви мај градот во попладневните часови ќе пулсира во ритамот на музиката преку повеќе концерти на отворено под мотото „2 ДЕНА НА 3 ЛОКАЦИИ“, на кои ќе настапат околу 300 ученици од сите класи и инструменти.

СРЕДА 20.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:15 ч Камена бина
17:30 ч Парк кај судот
ЧЕТВРТОК 21.05.2026
17:00 ч Градски часовник
17:00 ч Камена бина
17:00 ч Могила на непобедените (амфи театар)

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

УХМР: Дожд, ветер и невреме до крајот на продолжениот викенд

Времето утре,среда, променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР. За Прилеп, во текот на денешниот ден врнежливо и постудено, со максимална температура...

Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и...

Поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот, за 2 и 2,5 денари од литар. На денешната редовна седница, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката...