Отворен ден и меѓународен форум на Економското училиште Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Средното општинско економско правно трговско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифосски Питу“ Прилеп утре,среда 20 ти мај ќе одржи два настана: отворен ден и меѓународен форум насловен како „Економиум“. Отворениот ден започнува од 9 часот и е предвиден за промоција на образовните профили кои се на располагање на деветтоодделенците, условите за учење и работа, запознавање со наставниот кадар, образовните програми и можностите за професионален развој  во училиштето.

Истиот ден од 11 часот ќе се одржи и Меѓународен форум „Економиум“ под покровителство на Општина Прилеп и градоначалникот Дејан Проданоски, на кој учество ќе земат дискутанти од Македонија и странство на тема: Инвестираме во човечкиот капитал – вештините како најсилна валута на нашите ученици .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски музички ритам „2 дена на 3 локации“ концерти на учениците од Музичкото училиште

Убава идеја на Општинското основно музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ Прилеп за несекојдневно претставување на своите ученици, музички таленти. Наместо еден концерт кој што вообичаено се одржува во ЦК Марко Цепенков, среда на 20 ти, и в четврток на 21 ви мај градот во попладневните часови ќе пулсира во...

УХМР: Дожд, ветер и невреме до крајот на продолжениот викенд

Времето утре,среда, променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР. За Прилеп, во текот на денешниот ден врнежливо и постудено, со максимална температура...

Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и...