За 134 ученици од двете струки во СОУ „Љупчо Сантов“ вечерва беше означен крајот на учебната година.
На прославата по повод матурската вечер, организирано со класните раководители, матурантите влегуваа во училишната зграда каде што го одржаа последниот класен час.
Пред заминување на забавата, матурантите продефилираа во дворот на училиштето со своите класни раководители по што се упатија на организираната прослава во Ресторанот „Амор“.
Катерина Димитрова од гимназијата посочи дека овие изминати четири години ќе осанта во длабоко сеќавањена учениците.
Поголем дел од матурантите со кои зборуваше Радио Кочани истакнаа дека средношколските денови поминати во кочанската гимназија ќе ги паметат до крајот на животот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









