Новиот Градски пазар во Виница вчера беше свечено отворен, а со редовна работа ќе започне на 3 јуни 2026 година, информираат од ЈП „Солидарност“ Виница.
Во меѓувреме, Советот на Општина Виница треба да донесе Ценовник за работа на пазарот, по што ќе бидат утврдени условите за користење на новиот објект.
Од ЈП „Солидарност“ ги повикуваат сите продавачи на земјоделски и други производи да присуствуваат на координативен состанок кој ќе се одржи на 20 мај 2026 година (среда), со почеток во 8 часот, во салата на Советот на Општина Виница.
На состанокот ќе бидат дефинирани начинот на работа и правилата на однесување на новиот Градски пазар во Виница.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









