Изложбата на карикатури од “Ин Виница Веритас” во ЦК “Бели мугри”

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Педесетина карикатури од автори од сите страни на светот што беа дел од минатогодишниот фестивал на хуморот и сатира „Ин Виница веритас,  од денеска се пред публиката во Кочани, изложени во салонот „Фоаје 2“ на ЦК „Бели мугри“.

Посетителите ќе можат да ги погледнат и најдобрите три карикатури, првонаградената од Олексиј Кустовски од Украина, второнаградената од Дарко Дрљевиќ од Црна Гора и третонаградената од Фан Линтао од Кина. Изложена е и карикатурата на Златко Крстевски, наградена од градот домакин на фестивалот – Виница, како најуспешна од доставените од македонски автори.

Изложбата на карикатури од „Ин Виница Веритас“ во ЦК „Бели мугри“ ќе престојува во наредните две недели.

-Темата на изложбата  „Кој последен се смее“ обедини 230 карикатуристи од педесетина држави кои испратија 564 свои дела, рече на отворањето на изложбата денеска во Кочани, директорката на ДК „Тошо Арсов“, Александра Давиткова.

Поставката на карикатури од „Ин Виница веритас 2025“ е дел од проектот „ Преземање изложби за 2026 година“, финансиран од Министерството за култура и туризам. ИС/

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Најавените инфраструктурните зафати се во тек: Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци,

Новиот Градски пазар во Виница со работа започнува на 3 јуни, в среда состанок со продавачите

Новиот Градски пазар во Виница вчера беше свечено отворен, а со редовна работа ќе започне на 3 јуни 2026 година, информираат од ЈП „Солидарност“ Виница. Во меѓувреме, Советот на Општина Виница треба да донесе Ценовник за работа на пазарот, по што ќе бидат утврдени условите за користење на новиот објект. Од ЈП „Солидарност“ ги повикуваат

ТЕРМОПЛАСТ – Насекаде во Македонија производи на GF HAKAN PLASTIK, ЕВС, прибор за систем „капка по капка“

ТЕРМОПЛАСТ Кочани – Насекаде во Македонија ви ја нуди целата производна палета  од реномираниот GF HAKAN PLASTIK Бунарски цевки, цевки за безшумна и ПВЦ канализација, коругирани цевки и фитинзи Текст и атекст цевки, водоводни цевки и фитинзи, ПВЦ цевки за водовод – притисок Од производната програма EVS – сите видови на вентили, спојки и полуспојки