(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во државата, за изработка на снимки во висока резолуција е набавен со сопствени средства, додека вториот апарат е донација, со кој што комплетиран кабинетот за видео ЕЕГ дијагностика за деца до 14 години со невролошки заболувања. И двата апарати се од големо значење за пациентите, за граѓаните од регионов кои што за снимање требаше да ги посетуваат или приватни болници или клиниките во Скопје.

– Рентген апаратот е за панорама на цело тело, со што ќе се избегне одење на прегледи во приватни болници. На одделението имаме четворица рентгенолози, а недостатокот ќе го покриваме со кадри од други болници. За видео ЕЕГ апаратот имаме стручен кадар,“ вели лекарот специјалист ортопед Кире Јоноски, директор на прилепската болница.

Прилепската болница е една од ретките во Македонија која што дигитално ќе ги прави рентен снимањата за кои што досега се користеше стара аналогна технологија што пак значи поголема изложеност на радиолошко зрачење и понизок квалитет на добиените снимки. Новиот апарат е најскапата опрема инвестирана од болницата, вели началникот на рентгенолошкото одделение специјалист рентгенолог Оливер Димитриески.

– Практично влеговме во дигитална ера и го оставивме стариот аналоген систем на снимање. Понатаму се што ќе се работи ќе биде во дигитална форма. Апаратот го набавивме со сопствени средства и е највисоката и најскапа набавка и чини преку 140.000 евра. Во просек годишно поминуваат околу 30.000 пациенти со најразлична симптологија. Кадровскиот проблем е болка. Досега бевме двајца лекари, сега дојдоа уште двајца лекари, кои треба да го поминат процесот на прилагодување. Одделот по закон треба да работи со шест лекари. Ќе користиме услуги од други институции по потреба, посочува Димитриески.

Кабинетот за видео ЕЕГ, кој што функционира на детското одделение, се модернизираше со совремна технологија, донација од приватната фирма ВИК Прилеп.
– Со овој кабинет нашето одделение ќе биде лидер во невропедијатријата во регионот. Ние покажуваме со визија и посветеност дека можат да се обезбедат и средства и услуги кои ги заслужуваат најмладите. Методата за видео ЕЕГ е стандард во современата детска неврологија и ни овозможува во исто време регистирање на мозочната активност и видеозапис од однесувањето и движењето на детето. Како метода не е нова во нашата болница, од пред 10 години ја изведуваме, но во несоодветни услови и со стари апарати, вели доктор Габриела Тавчисока, лекар-супспецијалист детски невролог.

Ваквото медицинско техничко осовременување на болницата е овозможено по финансиската консолидација на оваа здравствена установа која до неодамна важеше за еден од најголемите должници во Македонија. Некогашната долговна состојба од над 200 милиони денари е консолидирана на околу 109 милиони денари, како резултат на финансиска стабилизација и поддршка од надлежните институции.

– Во моментот болницата работи со сопствен буџет и набавува нова опрема. Има и донација од фирми од Прилеп. Тоа е базен сегмент за градењето општествена одговорност. Сега со новите апарати ќе имаат подобри услуги граѓаните не само во Прилеп, туку и и во поширокиот регион, Сашо Клекоски, директор на ФЗО на Македонија.

Со новите инвестиции, како што беше истакнато, се продолжува процесот на модернизација на здравствениот систем во Прилеп и регионот, со цел подобра и поквалитетна здравствена заштита за граѓаните.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Меморијален хуманитарен турнир во футсал во чест на Бојан Китаноски

Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на  Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години. Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор...

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на Крали Марко

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена. Во рамките на програмата вечерва...

ОВР Прилеп: додека соучениците го тепале, еден снимал со телефон

Два физички напади кон малолетници, од кои едниот е врсничко насилство при што настанот бил  снимен со телефон, биле пријавени во ОВР Прилеп: Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е евидентиран во полицискиот билтен, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил...