Македонија седма во Европа со футсалците од Ристе Ристечки Ричко

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дека младите прилепски фудбалери имаат светла перспектива потврдата дојде од Европското првенство во футсал за ученици до 18 години што се одржува во Бања Лука, Република Српска.  Како македонски шампиони футсал екипата на Ричко избори седм место во Европа во конкуренција на 15 екипи.
Нашите футсалци последниот натпревар против селекцијата на Србија 2 го добија со службен резултат, откако противникот поради бројни повреди не настапи.

Футсал екипата од Ричко четири натпревари од кои два со нерешен резултат против екипата на Словачка и Белгија. Со екипата на Унгарија 3 извојуваа голема победа од 10:1, додека единствениот пораз го претпреа во битката за полуфинале против екипата на Унгарија со идентичен резултат.

Европското првенство за футсал во Бања Лука завршува на 16 ти мај. Прилепските млади футсалци се враќаат во Прилеп со богато меѓународно искуство, несомнено потребно за нивната натамошна кариера.

Македонската делегација во Бања Лука ја сочинуваат: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во...

Меморијален хуманитарен турнир во футсал во чест на Бојан Китаноски

Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на  Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години. Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор...

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на Крали Марко

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена. Во рамките на програмата вечерва...