Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се одржи отворен ден. Настанот во секое од училиштата започнува од 8 часот изутрината, со посети на деветтоодделенците и нивните наставници од Прилеп, како и од соседните општини Долнени и од Кривогаштани.
Прилепските средношколски центри преку штандови и презентации ќе ги промовираат условите за работа, можностите од наставна програма, практикантска работа и професионално усовршување за профилите кои се на располагање за учениците.









