Футсал екипата од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ не избори пласман во полуфинале на Европско

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп на  Европското првенство во футсал за ученици до 18 години во Бања Лука, Република Српска, денеска ја пропушти шансата за пласман во полуфинале. Со екипата на Унгарија прилепската екипа не успеа соодветно да се спротивстави и загуби со резултат од 1: 10 . По добрата игра во првото полувреме, кој што завршил со резултат од 1:4 со примени 3 гола пред крајот на полувремето, вториот дел од натпреварот бил особено лош за нашите момчиња со примени дополнителни 6 голови. Македонскиот шампион наредниве денови ќе се натпреварува за пласман меѓу 5 до 8 место на Европското првенство.

Ова беше четврт натпревар на македонскиот тим и прв пораз. Претходно во групното разигрување беа постигнати одлични резултати против селекцијата на Словачка и Белгија одиграа нерешено, а со селекцијата на Унгарија 3 извојуваа голема победа од 10:1.

Европското првенство за футсал во Бања Лука завршува на 16 ти мај и тоа несомнено ќе биде богато искуство за прилепските фудбалери кои што во најголем дел се дел од ФК Победа.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...