Македонија е четвртфиналист на Европското во футсал, со момците од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп, кои ја преставуваат Македонија како државен првак во футсал првенството за средношколци, што се одржува во Бања Лука.
Попладнево , како втор натпревар денеска, Македонија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во футсал за средни училишта .
Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко” одиграа реми против Белгија 5-5.
Стрелци на головите за Македонија беа: Мартин Деркоски 2, Димитар Оклески 1, Бернис Селимоски 1, Андреј Петрески 1.
Македонија групната фаза ја завршува со победа и две ремија. Од која позиција ќе стартува во четвртфиналето ќе биде познато подоцна.
Градот Прилеп, СОУ „Ристе Ристески Ричко„ и Федеарацијата на училиштни спортови на Македонија им честитаа на младите фудбалери за успехот со зборовите „Горди на вас момци!„









