Ќе се спроведува прва фаза од ларвицидна дезинсекција во општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На територијата на Општина Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведуваат првата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвените форми на комарци. Дезенсекцијата ќе се спроведува на 14.05.2026 година (четврток) и 15.05.2026 година (петок), во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Ќе бидат опфатени водени површини, односно места каде што постојат идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се: фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на градската река, делови од Дабничкиот канал, Селечка Река, областа Маркова Чешма, Поводеници, Вештачкото езеро, Волковските езерца, областа Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино Село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.
Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени за следниот ден.

„Во периодот од 06.04.2026 до 24.04.2026 година беше спроведена превентивна дератизација, додека првата фаза од ларвицидната дезинсекција беше одложена поради неповолните временски услови и врнежите од дожд. Согласно годишната програма, за 2026 година предвидено е спроведување на: -3 ларвицидни дезинсекции, -3 адултицидни дезинсекции и -2 дератизации на подземниот канализационен систем на градот, со посебен акцент на објектите од јавен интерес. Целиот процес на спроведување на мерките ќе биде контролиран од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп,“стои во соопштението од Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

21 годишен прилепчанец е тешко повреден по напад со остар предмет на Бит Пазар – Скопје

Синоќа, ранот утрото,  околу 03:00 часот, во СВР Скопје било пријавено од Ургентниот центар „Мајка Тереза“ дека кај нив е донесено повредено лице, информираат од МВР. Оттаму, било пријавено дека  момче било физички нападнато од непознато машко лице  кое во текот на нападот употребил остар предмет. Станува збор за 21-годишниот...

Внимателно со управувањето на мопедите како учесници во сообраќајот – се зголемуваат незгодите

Прилепчанка, 59 годинишна,  изгубила контрола врз мопедот и паднала на коловозот. Среќа во несреќата било што во тој момент не наишол автомобил, кој можел да создаде дополнителни компликации. Апелот останува – „внимателно со управување на мопеди како учесници во сообрајќот!“ Настанот се случил вчера (11.05.2026) во 15:35 часот кога во...

Концертен поп и рок времеплов со битолскиот оркестар ДИВА во Цепенков

ЦК „Марко Цепенков“ подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА. На 21 мај 2026 /четврток/ од 20.00 часот во голема сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан...