21 годишен прилепчанец е тешко повреден по напад со остар предмет на Бит Пазар – Скопје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа, ранот утрото,  околу 03:00 часот, во СВР Скопје било пријавено од Ургентниот центар „Мајка Тереза“ дека кај нив е донесено повредено лице, информираат од МВР. Оттаму, било пријавено дека  момче било физички нападнато од непознато машко лице  кое во текот на нападот употребил остар предмет.

Станува збор за 21-годишниот А.Н. од прилепскиот регион, кој, според информациите, бил примен со повреди здобиени во инцидент. Настанот се случил претходната вечер, на 11 мај, околу 23:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.

Полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Внимателно со управувањето на мопедите како учесници во сообраќајот – се зголемуваат незгодите

Прилепчанка, 59 годинишна,  изгубила контрола врз мопедот и паднала на коловозот. Среќа во несреќата било што во тој момент не наишол автомобил, кој можел да создаде дополнителни компликации. Апелот останува – „внимателно со управување на мопеди како учесници во сообрајќот!“ Настанот се случил вчера (11.05.2026) во 15:35 часот кога во...

Ќе се спроведува прва фаза од ларвицидна дезинсекција во општина Прилеп

На територијата на Општина Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведуваат првата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвените форми на комарци. Дезенсекцијата ќе се спроведува на 14.05.2026 година (четврток) и 15.05.2026 година (петок), во периодот од 09:00 до 15:00...

Концертен поп и рок времеплов со битолскиот оркестар ДИВА во Цепенков

ЦК „Марко Цепенков“ подготвува нов музички спектакл со Битолски оркестар ДИВА. На 21 мај 2026 /четврток/ од 20.00 часот во голема сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан...