ЕХО фестивалот на планински филм пристигнува во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“, традиционално и оваа година ЕХО фестивалот на планински филм ќе ни се претстави во Прилеп. Проекцијата на филмовите ќе биде во петок на 15 Мај 2026г во црквата Св.Никола во Варош, со почеток во 20.00ч.

Прилепчани ќе можат да ја проследат и да уживаат во следната филмска програма :

„Патување на животoт“, Жером Танон, Франција, реализација 2024 година, траење од 44 минути 

„Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казахстан, реализација 2024 година, во траење од 38 минути

„Најдобриот ден досега“, Бен Најт/Берн Броуди, САД, реализација 2025 година, во траењето од 48 минути.

Покрај проекцијата на филмови, посетителите ќе бидат дел од презентацијата на последните две книги од издаваштвото на ЕХО фестивалот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Убедлива победа од 10:0 на прилепската футсал екипа на Европско

Убедлива победа на вториот ден од Европското првенство во футсал, на екипата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. Во вториот натпревар со екипата на Унгарија 3 прилепските средношколци победија со 10:0. Стрелци: Андреј Петрески 2, Бернис Селимоски1,Теодор Ѓероски 1, Димитар Оклески 1,Ведран Мегленски 3 и Бруно Стефаноски постигна 2...

Денови на Крали Марко – работилници, изложба, филмски проекции, концерт

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот. Манифестацијата во организација на Општина Прилеп ја одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал Марко и се промовира...

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...