(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот на ова јавно претпријатие , Љубиша Јованоски.

Во Прилеп се регистрирани околу 28 диви депонии кои се чистат двапати годишно. Општината оддвојува околу 4 200 000 денари (близу 70 000 евра) за справување со дивите депонии, пари кои што наместо за развој се трошат на заедничка штета од сите граѓани, на сметка на неодговорните сограѓани што расфрлуваат отпад каде што ќе им се посака. Од ЈКП Комуналец упатуваат апел до сите граѓани правилно да го одлагаат отпадот , се’ со цел да имаме здрава и чиста животна средина.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

Во Прилеп одбележан Денот на сообраќајната култура

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Прилеп, со поддршка од Авто Контрол, учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Министерството за внатрешни работи денеска во Прилеп го одбележаа Денот на сообраќајната култура, посветен на подигнување на свеста и одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Беше...