Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука.

Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè до 16 мај ќе ја биде дел од Европското отворено првенство во футсал за учесници до 18 години.

На собирот учествуваат 250 млади спортисти од 11 земји, поделени во15 екипи. Покрај екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп как македонски претставници, фудбалските веѓтини во мал фудбал ќе ги одмерат и врсници од Белгија, Унгарија, Чешка, Словенија, Србија и други европски земји.

Овој шампионат не е само обичен натпревар, туку вистинска прослава на младоста, различноста и фер-плејот, нудејќи им на учениците шанса да градат мостови и пријателства кои ги надминуваат границите на теренот.“ велат од Федарцијата на македонскиот учишен спорт.

Натпреварувачкиот дел ќе биде поделен во четири групи, а натпреварите ќе се одиграат во  спортски сали во Бања Лука, како „Борик” и „Центар”. За прилепските средношколци ова е круна на нивниот досегашен труд и успех на домашно тло, но и голема одговорност да се покажат во најдобро светло пред европската јавност. Од Федерацијата на училишен спорт на Македонија упатија искрени желби за успех до тимот на „Р.Р Ричко -Прилеп “, потенцирајќи дека ваквите настани се клучни за обликување на спортскиот дух и зајакнување на европската училишна заедница.

Упатуваме огромна поддршка до нашите ученици и нивните ментори. Ви посакуваме среќа, успешни натпревари и достоинствено претставување на нашето училиште и нашата држава.„ напишаа од СОУ Рустески Ричко , горди на својата футсал екипа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...

Во Прилеп одбележан Денот на сообраќајната култура

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Прилеп, со поддршка од Авто Контрол, учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Министерството за внатрешни работи денеска во Прилеп го одбележаа Денот на сообраќајната култура, посветен на подигнување на свеста и одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Беше...