Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На стартот на 14 та Седница на Совет на Општина Прилеп, повеќе од два часа советниците дискутираа по прдедлог – одлуката на опозицијата за „Изготувување на студио за влијанието на концесиите врз животните средини и формирање на месна заедница во с Оревоец, како и по прашањето “зошто не  е свикана итна седница” пред одржувањето на 14та редовна Седница на Советот на Општина Прилеп.

Потоа советниците почнаа да работат по дневниот ред. Но,  веднаш по исгладаниот дневен ред, пауза за консултативна средба побара опозицијата. И, веќе се тргна маратонски: долги дискусии, постојано прекини, различни забелешки, опомени, упаѓање во говор од место, нервозни реакции на советници, недоразбирања, надмудрувања и надополнувања, образложувања и докажувања… и, 12 сет часовна седница, кој како парламентарна, заврши пред полноќ, каде сите предложени точки од дневниот ред беа изгласани од мнозинството советници.

На маратонската седница на Советот на Општина Прилеп се најдоа 21 точка: одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година и  квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за прв квартал од 2026 година, тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп и на ЈОУ Детски градинки “Наша Иднина“ и на ЈКП во Прилеп за период од јануари до март 2026 година, годишните планови за вработување на основните прилепски училишта за 2027 година: ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Круме Волнароски“ с. Тополчани и ООУ „Страшо Пинџур“с. Мало Коњари.

Советницитеа на редовна 14 седница ја одобрија донацијата за изработка и отстапување на техничка документација за инфраструктурен проект, ја прифатија одлука за измена и дополнување и именување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Прилеп и ја потврдија верификација на мандатите на членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп, одличија да имануваа членови во надзорниот орган на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп, го прифаија кофинансирањето на проектот „Енергетска ефикасност на административната зграда на Општина Прилеп преку воведување систем со топлинска пумпа“, ја сувоија програмта за утврдување критериуми и стандарди за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп и програма за измена и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2026 година.

На оваа седница на Советот на Општина Прилеп, советникот Мирјана Стеваноска од ЗНАМ се изјасни дека во иднината ќе делува како независен советник.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел...

(ВИДЕО)Собир на „Спас за Прилеп” пред Општината за поддршка на две иницијативи

Пред општинската зграда денеска се одржа собир во организација на неформалната група „Спас за Прилеп“. Собирот се реализира како знак на  поддршка на дел од советниците кои започнаа иницијатива за отпочнување на постапка за научна студија за влијанието на рудниците за мермер во прилепско и основање на месна заедница во...

Прв независен советник во советот на Општина Прилеп

Советникот, Мирјана Стеваноска на 14 -тата Седница на Советот на Општина Прилеп денеска одлучи  да биде независен советник во Советот на Општина Прилеп. Ваквата одлука Стeвanoскa, како што рече на денешната редовна седница од говорницата, на прилепскиот Совет, ја донела лично и без ничие влијание. Стеваноска во Советот на Општина Прилеп...