Прв независен советник во советот на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Советникот, Мирјана Стеваноска на 14 -тата Седница на Советот на Општина Прилеп денеска одлучи  да биде независен советник во Советот на Општина Прилеп. Ваквата одлука Стeвanoскa, како што рече на денешната редовна седница од говорницата, на прилепскиот Совет, ја донела лично и без ничие влијание. Стеваноска во Советот на Општина Прилеп е избрана на локалните избори 2025 година како носител на листа и член на партијата ЗНАМ.

 Со оваа промена, Стеваноска  ја напушта коалициската рамка на „ЗНАМ“ и во иднина ќе гласа и ќе дејствува во Советот без партиска или коалициска припадност. Тоа значи дека таа повеќе не е дел од  каолицијта советници на ЗНАМ во прилепскиот  Совет, што можеби нема  да влијае на гласачките блокови, особено во тесни одлуки каде што се бара мнозинство, но како што истакна таа ќе гласа според убедувањата дека предлогот е од интерес  на граѓаните, без одглед кој го предложил,дали власта или опозицијата„

„Од денеска во составот на Советот ќе функционирам како независен советник. Оваа одлука ја донесов по сопствено убедување, сметам дека ова мое делување како независен советник ќе биде од интерес на моите сограѓани, затоа што за мене зборот е збор. Не привајќам политички мол и слепо гласање. Затоа одлучив да дејствувам самостојно!“ рече како дел во своето обраќање пред советниците, совениткот Мирјана Стеваноска.

Ова е прв случај на т.н „независен советник„ во тековниот состав на Советот на Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел...

(ВИДЕО)Собир на „Спас за Прилеп” пред Општината за поддршка на две иницијативи

Пред општинската зграда денеска се одржа собир во организација на неформалната група „Спас за Прилеп“. Собирот се реализира како знак на  поддршка на дел од советниците кои започнаа иницијатива за отпочнување на постапка за научна студија за влијанието на рудниците за мермер во прилепско и основање на месна заедница во...

(ВИДЕО) Собирен центар за секој отпад во своја класа контејнер – еко пункт за чист Прилеп

Од денеска, Прилеп има и официјалнен  простор, со повеќе впечатливи контејниери, односно собирно место за одлагање на електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика, отпад кој не припаѓа ниту во зелената , ниту во жолтата канта.   Комуналната опрема за собирање на електричен и...