Македон со двојно злато на Германската математичка олимпијада

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македон Димитриевски постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада и се враќа во Македонија како двоен шампион!

Младиот математички талент освојувајќи два златни медали го потврди својот статус дека е меѓу најдобрите млади умови во светот. Димитровски освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика, како и златен медал во математички предизвик, а со своите резултати беше вброен и во престижната група лауреати – признание резервирано за најуспешните учесници:

Успехот го сподели неговиот татко Владимир Димитровски на социјалните мрежи, истакнувајќи ја гордоста од постигнувањето.

„Горди сме да објавиме дека Македон постигна извонреден историски успех на Германската математичка олимпијада! Со своите блескави резултати беше прогласен и во престижната група на лауреати – признание резервирано само за најдобрите од најдобрите“, напиша тој.

Овој успех претставува значајно признание не само за младиот математичар, туку и за Македонија, која повторно се најде на врвот на меѓународната научна сцена.

„Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија. Честитки, Македон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион!“, стои во објавата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Промоција на монографија за Кореница од Јасмина Колеска Кузманоска

Во Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп на 04 мај 2026 година, понеделник, со почеток во 17:00 часот,  во Прилеп ќе се одржи промоција на монографијата „Кореница“ од авторката Јасмина Колеска Кузманоска, на која промотор ќе биде Емил Димоски. Монографијата претставува емотивен и документарен запис за селото Кореница, неговите жители, семејства,...

При полициска сообраќајна контрола двајца приведени во Прилеп

Од полицискиот билтен две информации за приведувања за возење под дејство на алкохол и за агресивно однесување кон полициските службеници:

Ристески: Субвенциите за предаден тутун, за ланската реколта ќе бидат исплатени во целост!

Сојузот на тутунски здруженија како легитимен претставник на тутунопроизводителите во реакција поттикнат од информација на Националната земјоделска мрежа која се шири на социјалните мрежи меѓу тутунопроизводителите ги демантира информациите во однос на исплатата на субвенциите за ланската реколта. Дописот до медиумите се однесува на исплатата на финансиската поддршка за предаден...