Ристески: Субвенциите за предаден тутун, за ланската реколта ќе бидат исплатени во целост!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сојузот на тутунски здруженија како легитимен претставник на тутунопроизводителите во реакција поттикнат од информација на Националната земјоделска мрежа која се шири на социјалните мрежи меѓу тутунопроизводителите ги демантира информациите во однос на исплатата на субвенциите за ланската реколта. Дописот до медиумите се однесува на исплатата на финансиската поддршка за предаден тутун за реколтата 2025/26 година, во кој што Киро Ристески, претседател на Сојузот истакнува дека субвенциите ќе бидат исплатени во целост, без ограничувања до 2 тона предаден тутун за ланската реколта.

Соопштението го објавуваме во целост:

„Почитувана Национална земјоделска мрежа и лично ВИЕ господине Ѓорги Каракашев, Долго време ве следиме вас и неколку ,,душегрижници,,околу вас како на медиуми  ширите демагогија и со полувистини сакате да направите револт кај тутунарите, а зошто тоа го правите само вие си знаете, но едно е сигурно дека најмалку  работите за интересот на тутунарите. Ние, не сакајќи досега да дебатираме со вас преку медиуми и не ви обрнувавме особено внимание но со овој ваш апел веќе ја преливте чашата. Имено, во вашиот последен коментар објавен во Зелена берза а во врска со исплатата на субвенциите за тутунот-најпрво ќе ве упатиме детално да ја прочитате Програмата за финанска поддршка-особено делот за крајните рокови за исплатата на субвенциите за предаден килограм на тутун Мерка 3.1 за реколта 2025 година и лично Вие да ги информирате тутунопроизводителите точно кога е тој рок-се надеваме дека ќе се снајдете со програмата! Второ: Она што вие и неколкумината ,,душегрижници“ околу вас сакаат да го претстават како агонија и негрижа како од наша страна така и од институциите ЈАВНО ги информираме тутунопроизводителите дека по иницијатива на  Сојузот на тутунски здруженија, а во соработка со  Платежната агенција, сувенциите за предаден килограм тутун за СИТЕ тутунопроизводители ќе бидат исплатени во ЦЕЛОСТ (кој колку предал тутун за толку килограми ќе земе субвенции) за што Платежната агенција интензивно работи и во најскоро време ќе бидат исплатени. И само за крај, доколку навистина им го мислите доброто на тутунопроизводителите-а вашите постапки го зборуваат спротивното,Јавно ве повикуваме да ги тргнете рацете од тутунарите на кои освен освен лаги и нервози ништо друго не им донесувате  бидејќи на тутунарите им требаат вистински решенија на проблемите а не луѓе кои што млатат празна слама само за интереси кои вас ви се познати и оставете ги оние коишто навистина работат за интересот на тутунарите а не за лајкови по Фејсбук да продолжат одговорно да работат. А тутунарите воопшто да не стравуваат за субвенциите, бидејќи ќе повториме уште еднаш дека СИТЕ субвенции за предаден килограм тутун ќе бидат исплатени во најскоро време. Со почит, дипл.агроном Киро Ристески-претседател на Сојуз на тутунопроизводители.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски им оддаде почит на сите работници кои придонесуваат за развој на Прилеп

По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај,  градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека успехот и напредокот на заедницата зависи од трудот  на работниците.”Тие се темел за развој на Општина Прилеп”, вели Проданоски во својата првомајска честитка. – Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на трудот – Први...

Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Со оваа мерка се обезбедува намалување на малопродажните цени: дизелот ќе биде поевтин за 3 денари по литар,...

Уапсен на „Табановце“измамникот од Прилеп кој зел 88.000 евра од сопруг на болна жена од Валандово

Б.К. (44) од Прилеп денеска е уапсен на граничниот премин „Табановце“. Според соопштението на МВР тој минатата година измамил сопруг на болна жена од Валандово, земајќи му 88.000 евра за наводно лекување во странство. Жената во меѓувреме починала, велат од полицијата. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во...