Промоција на монографија за Кореница од Јасмина Колеска Кузманоска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп на 04 мај 2026 година, понеделник, со почеток во 17:00 часот,  во Прилеп ќе се одржи промоција на монографијата „Кореница“ од авторката Јасмина Колеска Кузманоска, на која промотор ќе биде Емил Димоски.

Монографијата претставува емотивен и документарен запис за селото Кореница, неговите жители, семејства, спомени и корени. Преку лични сведоштва и сеќавања, делото го зачувува духот на едно време и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација. Настанот е од продажен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани во црквата „Св. Никола“ во селото Кореница, како знак на почит кон духовното и културното наследство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

При полициска сообраќајна контрола двајца приведени во Прилеп

Од полицискиот билтен две информации за приведувања за возење под дејство на алкохол и за агресивно однесување кон полициските службеници:

Ристески: Субвенциите за предаден тутун, за ланската реколта ќе бидат исплатени во целост!

Сојузот на тутунски здруженија како легитимен претставник на тутунопроизводителите во реакција поттикнат од информација на Националната земјоделска мрежа која се шири на социјалните мрежи меѓу тутунопроизводителите ги демантира информациите во однос на исплатата на субвенциите за ланската реколта. Дописот до медиумите се однесува на исплатата на финансиската поддршка за предаден...

Проданоски им оддаде почит на сите работници кои придонесуваат за развој на Прилеп

По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај,  градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека успехот и напредокот на заедницата зависи од трудот  на работниците.”Тие се темел за развој на Општина Прилеп”, вели Проданоски во својата првомајска честитка. – Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на трудот – Први...