Интензивни подготовки за новата комедија „Девојките на Марко“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пробите за новата театарска претстава, комедијата „Девојките на Марко“ на Народниот театар “Војдан Чернодрински“ – Прилеп се во полн тек . Со многу посветеност и напорна работа се гради сценскиот израз на претставата која e во режија на Синиша Ефтимов.
Сценографија и костимографија е на  Илина Ангеловска, а во претставата се вклучени актерите :
Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска и  Лора Штарго.
–  Следејќи го пулсот на публиката и нејзината потреба за ведрина и смеа, театарот континуирано го гради својот репертоар во дијалог со гледачите. Комедијата, како жанр кој публиката особено го препознава и го сака, претставува важен дел од таа врска — и воедно наша обврска. Со овој проект ја продолжуваме таа линија, со цел да понудиме современа, комуникативна и блиска театарска приказна , велат од прилепскиот театар.
Премиерата на новата театарска претстава  „Девојките на Марко“ според романот на Оливера Николова, се очекува кон крајот на мај.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп се залага за регион без отпад – централниот проект е регионалната депонија во Новаци

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, на кои присуствуваа претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Форумот е посветен на унапредување на регионалниот систем за управување...

Со Регионалната депонија во Новаци ќе се решава проблемот со дивите депонии во Пелагонија

Во тек се подготовките за изградба на Регионалниот центар за управување со отпад, кој ќе се гради во општина Новаци и ќе опслужува околу 350.000 жители од  Пелагонискиот и Југозападниот регион во 18 општини. За таа цел се дистрибуираат канти за селекција на отпад, додека јавните комунални претпријатија ќе бидат...

Пролетна акција на ЈКП Комуналец со поддршка на Витаминка за разубавување на Прилеп

На улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија. Засадувањето го спроведе ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа и ПИ Витаминка, која годинава прославува 70...