Прилеп се залага за регион без отпад – централниот проект е регионалната депонија во Новаци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше на Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, на кои присуствуваа претставници на институции, општини и меѓународни партнери од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Форумот е посветен на унапредување на регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион и претставува значаен чекор кон воспоставување модерен, функционален и одржлив систем кој ќе обезбеди поквалитетни услуги за граѓаните и повисоко ниво на заштита на животната средина. Овие активности се дел од подготовките за изградба на Регионалниот центар за управување со отпад, кој ќе се гради во општина Новаци и ќе опслужува околу 350.000 жители од двата региони.

Во Пелагонискиот и Југозападниот регион веќе започнува воведување на нов систем за управување со отпад. Граѓаните  добиваат канти за селекција, а комуналните претпријатија нови возила. Централниот проект е регионалната депонија во Новаци, која ќе ги замени постојните нестандардни депонии.

Планирано е центарот да вклучува една централна депонија, четири претоварни станици и повеќе собирни центри, со што ќе се воспостави современ систем за управување со отпад. Клучна цел на проектот е затворање на 16 постојни депонии кои во моментов функционираат без никакви стандарди и претставуваат сериозен ризик за животната средина. До крајот на 2026 година комуналните претпријатија ќе бидат целосно опремени со потребните возила, што ќе создаде услови за имплементација на новиот систем.

Воедно е формиран и меѓуопштински одбор во кој учествуваат сите 18 општини, меѓу кои и Општина Прилеп, а во следната фаза треба да се формира и регионално комунално претпријатие. До изградбата на центарот, селектираните материјали како пластика и метал ќе се предаваат директно на компании за рециклирање.

Условите за реализација се поставени, но координација и одлучност на локално ниво, поддршката и активното учество на општините се од суштинско значење за успехот на овој процес, беше нагласено на форумот. Регионалниот план за управување со отпадвеќе  не претставува само административна обврска на општините, туку алатка за решавање на еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат општините: нелегалните депонии, недоволната инфраструктура и ограничените капацитети за ефикасно управување со отпадот.

Експертите предупредуваат дека постојните депонии претставуваат „невидлива опасност“, бидејќи загадувањето на почвата и подземните води има долгорочни последици. Затоа, изградбата на регионалниот систем се смета за клучен чекор кон почиста животна средина и подобри услуги за граѓаните.

Форумот беше отворен од амбасадорот на Шведска, Ола Сундстром, а воведни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и претставници на ЗЕЛС и SALAR International.

.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Интензивни подготовки за новата комедија „Девојките на Марко“

Пробите за новата театарска претстава, комедијата „Девојките на Марко“ на Народниот театар “Војдан Чернодрински“ – Прилеп се во полн тек . Со многу посветеност и напорна работа се гради сценскиот израз на претставата која e во режија на Синиша Ефтимов. Сценографија и костимографија е на  Илина Ангеловска, а во претставата...

Со Регионалната депонија во Новаци ќе се решава проблемот со дивите депонии во Пелагонија

Во тек се подготовките за изградба на Регионалниот центар за управување со отпад, кој ќе се гради во општина Новаци и ќе опслужува околу 350.000 жители од  Пелагонискиот и Југозападниот регион во 18 општини. За таа цел се дистрибуираат канти за селекција на отпад, додека јавните комунални претпријатија ќе бидат...

Пролетна акција на ЈКП Комуналец со поддршка на Витаминка за разубавување на Прилеп

На улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија. Засадувањето го спроведе ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа и ПИ Витаминка, која годинава прославува 70...