Во работната посета на Прилеп, Министерот за транспорт и врски, Александар Николски имаше средба и со преставници од големите прилепски компании, кои го нагласив повторното враќање на карго-сообраќајот во Прилеп, за потребите на стопанственицте
Работиме на оперативниот план на ревитализација на железницата и враќање на карго-превозот за што се заинтересирани прилепските големи компании. Планот треба да го реализираме за 6 до 12 месеци, трошоците на компаниите двојно ќе се намалат, а ние ќе ги зачуваме патиштата и животната средина – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, при денешната посета на Прилеп.
Николоски посочи дека со враќањето на карго железничкиот сообрајќај компаниите ќе ги намалат трошоците за транспорт ќе се овоможи отворање на нови работни места .
–
Сериозно работиме на ревитализација на железницата. Денеска се сретнав со најголемите компании од Прилеп и разговаравме повторно да се врати карго-сообраќајот во Прилеп, што ќе значи многу поевтин транспорт за компаниите и ќе значи повеќе работни места. Направивме оперативен план, кој треба да го реализираме во период од 6 до 12 месеци, и целосно да ја заживееме железницата. Ќе помогне за екологијата, но и да се заштитат големите инфраструктурни објекти, автопатиштата – изјави Николоски.









