Во работна посета на Општина Прилеп денеска беше Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој заедно со градоначалникот, Дејан Проданоски направиа обиколка на реконструкција на тротоарот по должината на улицата „Кеј 1-ви Мај“, до железничкиот мост на кејската улица, проект изработен со сердства од Министерството за транспорт и врски. Проектоти опфати целосна реконструкција и уредување на тротоарот со бекатон плочки, поставување улично осветлување и урбана опрема. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 7 милиони денар.
Градоначалнкот на Прилеп Дејан Проданоски, потенцира дека со добра организација и заштета на метерјали на овој потег направиле детско паркче од 300 метри квадратнии и се заблагодари на поддршката на Министерот и Влада за инфраструктурните проекти на Прилеп, како што се изградбата на мостот “Табана„ обиколницата „Исток“ , реконструкција на улицата “Победа“ поставуање на пешачки мостови итн.
„Следна градежна фаза во Општина Прилеп е во мај, реконструкција на велосипедските и пешачките патеки на ул. „11 Октомври„, и таму би имале сериозни градежни активности за разубавање на градот.“ рече тој најавиувајќи доуредување на речното корито со кејски ѕидови, кај нас. Бончејца, уредување на коритото на градската река на овој потег, поставуање на три пешачки мостови на градската река и уште два проекти кои што ќе бидат поддржани директно на Министерството за транспорти и врски
Општина Прилеп работи на проектирање на обиколница на градот, откако ќе ја испроектира Владата ќе преземе одговорност да ја финансира и да ја изгради. Во меѓувреме во Прилеп работиме и на голем број инфраструктурни проекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп.
„Овој проект за реконструкција на улицата Кеј 1 -ви Мај е подржан од Министерството за транспорт во соработка со Светска банка. Ќе работиме уште два проекти во следниот период, еден е улицата 11 Октомври, вториот е генерално забавување на сообраќајот имајќи превид дека безбедноста е пред се. Се работат големи инфраструктурни проекти, дел се реализираат, дел се во постапка на тендерирање, одиме со силна подршка на општината Прилеп. Сакам да изразам голема подршка на градоначалникот, на Советот, на претседателката на Советот за она што го работи општината и интензивно ќе продолжиме со подршката со цел да се завршат сите инфраструктурни проекти. Следниот период ќе видиме една градежна експанзија и што повеќе да завршиме и нови проекти. Најважна е обиколницата на градот за која општината веќе работи на проектирање, тоа е едно наше ветување. Кога ќе заврши проектирањето обврската ќе ја преземе Владата за да најде изведувач и финансии и да се заврши и тој голем проект. Завршивме со експресниот пат Градско-Дреново-Дреново-Фариш, ќе работиме од од Фариш до Прилеп, се работи на автопатот од Прилеп до Битола. Така да Прилеп е голем фокус, не заприраме како што гледате, многу време и енергија посветуваме за Прилеп и така ќе продолжиме во следниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски оствари и средба со стопанствениците од поголемите прилепски компании каде ја потенцира забрзаната ревитализација на железницата и повторното враќање на каргосообраќајот во Прилеп, што , како што рече тој, „би значело многу поефти начин на транспорт за компанијите и отварање на нови работни места.“,рече тој.









