Најубедлив резултат во 26. коло од Втората Македонска фудбалска лига се случи во Прилеп. Агонијата на прилепската некогашна гордост продолжува. Осогово не покажа милост за некогашниот гигант, Победа. Тимот од Кочани попладнево на Градскиот стадион Прилеп ја “торпедираше“ домашната екипа со неверојатни 1:8.
Денеска и екипата на ФК Големо Коњари со 1:0 поразена на гостински терен во Каменица.
РЕЗУЛТАТИ 26.КОЛО
Брегалница – Слога (В) 4:1
Саса – Г.Коњари 1:0
Кожув – Шкендија (А) 0:1
Новаци – Детонит 1:1
Победа – Осогово 1:8
Преспа – Скопје 0:2
Тетекс – Охрид 1:2
Вардар (Н) – Беласица 1:4









