(ВИДЕО)Франкофонски настан во Прилеп: Француската култура младите ја негуваат и почитуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дека францускиот јазик и култура обединуваат, зближуваат и навистина се јазик и култура на мирот, покажаа учениците од основните и средните училишта од Прилеп, Битола и Кривогаштани. Има толку многу симболи што Франција ја прават единствена: модата, мелодијата, храната…Токму овие обележја за пријателската земја ги претставија децата во срцето на Прилеп на платото кај Градската саат кула, го раздвижија градот, а присутните уживаа во прекрасните музички, танцови и сценски изведби, презентации на уметност, мода и храна инспирирани од Париз и Франција.

Тоа беше разновиден и богат настан  насловен „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“ кој што инспирира и потсетува на богатството од разноличноста на културите. Учествуваа стотина ученици од основни и средни училишта кои ги покажаа своите способности и уште еднаш потврдија дека културата и уметноста не познава граници. На настанот беа присутни градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, претставници на Францускиот институт во Македонија. Проданоски упати благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивната посветеност, како и до присутната публика која го збогати настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Осогово ја декласираше Победа со неверојатни 1:8

Најубедлив резултат во 26. коло од Втората Македонска фудбалска лига се случи во Прилеп. Агонијата на прилепската некогашна гордост продолжува. Осогово не покажа милост за некогашниот гигант, Победа. Тимот од Кочани попладнево на Градскиот стадион Прилеп ја “торпедираше“ домашната екипа со неверојатни 1:8. Денеска и екипата на ФК Големо Коњари...

Пронајдена античка статуа во дворот на црквата „Свети Никола“ во Чепигово

При градежни работи во дворот на црквата „Свети Никола“ во село Чепигово денеска е пронајдена статуа. Наводно статуата е пронајдена при туркање на тремот кој што е во план за реновирање. Станува збор за античка статуа за која што доправа НУ Завод и Музеј треба да истражи од кога датира....

МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ПРОСТИ СО СВЕТЛАНА МИШЕВА

Во Хендрик-Идо-Амбахт (предградие на Ротердам) денеска беше испратена во вечноста долгогодишната активистка, воедно и почесен претседател на Македонската заедница во Холандија – Светлана Мишева, а со нејзината смрт холандскиот цивилен и воен ред Оранје-Насау остана посиромашен за единственот член од македонско потекло и заслужен граѓанин на Холандија. НАЈДОСТОИНСТВЕН ПРЕТСТАВНИК НА...