Вечерва во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа финалето од 14. издание на манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“, која во последните четири години пошироко се афирмираше под називот АФКО.
Организаторот, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија, најпрвин овозможи читање на афоризми од сите присутни членови на „Репрезентацијата“, а потоа беа доделени наградите на најспешните кои годинава твореа на тема “Чесен крадец“.
Во направениот избор меѓу 36 –те пристигнати авторски дела првата награда му беше доделена на Ристо Филчевски од Струмица. Истовремено, тој е добитник и на признанието „Најдобар афоризам“ за неговата мисла: „Секоја украдена пара му е благословена. Ги краде од црква“. Второнаграден е Атанас Крлевски од Велес, додека третата награда ја освои Ацо Ѓорѓиев од Струмица. Жирито додели и пофалници за Лазе Стефановски и Драганчо Тасевски – Изворски од Кичево, како и за Фросина Тасевска од Штип.
На Јордан Ѓорчев, основач на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, му беше доделена Специјална плакета за развој и афирмација на хуморот и сатирата во Македонија,
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









