Локалната самоуправа на Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата „Фишер-Тихи“ од Куманово за изградба на домот за стари лица.
Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи.
Исто така, компанијата „Стентон градба“ од Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и други утврдени со договорот.
Команиите имаат рок од две години да ги завршат своите работни активности.
Стречкиот дом во Кочани ќе се простира на површина од околу 4.000 илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна.
Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории, ќе биде со капацитет од околу 150 кревети, а предвидени се и простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности, при што ќе се искористат и геотермалните води.
Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе понуди подостапни цени.
Инаку, финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку унгарскиот кредит.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









