Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат градбите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина.

Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот пред локалите (сите пицерии) мора да биде целосно расчистен и прооден за минувачите, а не како сега, пешаците да се движат низ мал „тунел“ широк метар и половина, велат одговорните.

Ова, како што нагласуваат, е последицата на средбата на градоначалникот Владко Грозданов со угостителите од пред два месеца. Тогаш е постигнат договор за отстранување на времените објекти на катот во Трговски – блок А,  што се третираат како бесправно изградени. Притоа, угостителите на сопствен трошок ќе ги отстрануваат градбите во дадениот рок.

Подоцна, во согласност со важечките законски прописи, сопствениците на угостителските објекти ќе можат да побараат од надлежните во општинската администрација, да им одобрат користење на јавно прометната површина. Доколку добијат согласност за такво нешто, ќе можат да постават подвижни тенди, чадори и друга  опрема за вршење  угостителска дејност, но просторот што ќе го користат не смее да биде ограден. Ќе мора, според важечките прописи, да биде отворен од три страни.

Што се однесува до кафулињата на приземјето во Трговски- блок А во Кочани, тие веќе го направија она што се бараше однив и ги отстранија застаклените делови од локалите што се на јавна површина. Кај нив тендите нема да се отстрануваат.

Отстранувањето на времените градби-тераси од пред угостителските објекти, освен за објектите во Трговскиот центар блок А и Б, важи за сите  угостителски објекти на територијата на Кочани.

Денеска, иако е државен празник, претставници на комуналната и градежната инспекција на Општина Кочани беа излезени на терен и вршеа увид во состојбата

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув

Домашното производство под притисок: Земјоделците бараат фер пазар и контрола на увозот

Земјоделците алармираат дека проблемот не е само во увозот, туку и во слабите контроли и неправилното декларирање на производите на пазарите. Според нив, дел од увезената стока се препродава како домашна, со што се оштетуваат локалните производители и потрошувачите. Економистите посочуваат дека увозот е нормален дел од пазарот, но проблемот настанува кога нема доволна инспекција,

37-годишник од виничко и неговата мајка осомничени за напад врз 22-годишна жена

Триесет и седумгодишен жител на виничко село е приведен откако бил пријавен за физички напад врз неговата 22-годишна сопруга. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за лицето Н.П., кој, според пријавата, заедно со неговата мајка физички ја нападнал сопругата. По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности, при што лицето било лишено