Чувар и двајца соселани вдишале чад гаснејќи пожар кај Прочистителната станица – Укажана им е лекарска помош….

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.

Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгаси пожарот со ПП апарат со помош на двајца соселани, тројцата вдишале чад, при што од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.

За настанот биле известени јавен обвинител  и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицкоски од Кочани: Владата и општината интензивно инвестираат во развој на инфраструктурата

Доаѓаме за убави работи овој период од годината во Кочани, нови проекти, нешто коешто очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на Општина Кочани. Овие проекти се дел од она за коешто во минатото зборувавме, истото како што е дел и оној капителен проекти изградба на експресен пат којшто треба да го

Радио Кочани за големата трагедија – Една година потоа… (ексклузивни снимки од 16.03.2025 г.)

Се случи пред точно една година. Беше вообичаена саботна вечер, 15-ти март. Ништо, ама баш ништо не наговестуваше дека за само неколку часа ќе се сврти светот наопаку и дека Кочани ќе ја доживее најголемата катастрофа во своето постоење. Сè започна и заврши помеѓу 2 и 3 часот наутро.  На 16-ти март. Забрзани возила, некои