Некогашниот прилепски загубар, фабриката за композитни материјали, „11 Октомври „Еурокомпозит“ – Прилеп, која праставуваше фирма – загубар во државна сопственост, наводно е продаден на македонски – полски конзорциум, неофицијална информација добиена од неврзан разговор со претставници на прилепското стопанство. Неофицијално се говори дека Полјаците со купувањето на „Еурокомпозит“ повеќе се заинтересирани за лиценцата на компанијата, а помалку за имотот/објектите со кој таа располага.
Неофицијалните информации говорат дека посредник при оваа продажба е македонската компанија ФУТУРА-МОДА Д&А ДООЕЛ експорт-импорт-Скопје, Друштво за трговија, производство и услуги, која според податоците на https://www.companywall.com.mk/ е компанија со еден вработен и полската фирма FHR Armorl Logistics, малку позната компанија за која е наведено само дека е од Полска.
Основниот суд Прилеп на 5 декември 2025 година донел решение со кое му е одобрен планот на заинтересираниот купувач за реорганизација на фабриката која може да произведува воена и полициска опрема, а има и цивилна линија.
Ова значи дека со правосилноста на ова решение, стечајната постапка (која беше отворена уште на 30 ноември 2022 година) се запира, а компанијата продолжува да работи според усвоениот план за реорганизација. Надзорот и контролата врз спроведувањето на овој план ќе ги врши стечајниот управник Љубица Зајкоска, а трошоците паѓаат на товар на инвеститорот.
Двекомпании инвеститори, согласно планот, ги стекнуваат правата и обврските на должникот. Целта е заживување на производството.
„Последните информации се дека компанијата за производство на наменска опрема има долг од неколку милиони евра, а актуелен стечаен управник е Љубица Зајкоска, а од порталот Фактор велст дека таа не одговара на телефонските повици за изјава.
Инаку, Еурокомпозит беше трансформирана во акционерско друштво со капитал 100 отсто во сопственост на државата во 90-те години кога имаше 550 вработени. Програмата на Еурокомпозит е поделена на две главни гранки: воена и полициска опрема и цивилна линија. Имаше широка палета производи – од балистички шлемови, елеци и плочи до рачни ракетни лансери; како и електро изолациони материјали“, пишува на оваа тема faktor.mk ЛИНК









