Во јубилејната година Џез фестивалот не доби поддршка од Министерството за култура

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за култура деновиве ги објави резултатите за поддршката која што ќе ја овозможи за настани, манифестации и активности во текот на 2026 година. Прилепскиот фестивал „Прилеп џез викенд“ кој што годинава требаше да одбележи 15 години од постоењето, не доби никаква поддршка од ресорното министерство. Здружението организатор на овој фестивал упати јавна реакција за ваквата одлука на Министерството за култура, со која нема да го финансира Прилеп џез викенд во тековната година.:

„Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот Prilep Jazz Weekend, ја информира јавноста дека Министерството за култура, по 14 години континуирана институционална поддршка, одлучи да не го поддржи фестивалот во годината кога требаше да се одржи неговото 15-то, јубилејно издание. Оваа одлука не може и не смее да се третира како изолиран случај. Prilep Jazz Weekend не е експеримент, не е моментален проект, не е лична иницијатива без континуитет. Тоа е фестивал со историја, со публика, со јасна програмска визија и со препознатлив културен идентитет, кој повеќе од една деценија ја гради културната слика на Прилеп и пошироко. Затоа, логично се наметнуваат неколку прашања што заслужуваат јавен одговор: Дали културната политика на државата свесно оди кон централизација, со што систематски се укинуваат или маргинализираат културните настани во помалите градови? Дали континуитетот, квалитетот и публиката повеќе не се релевантни критериуми при распределбата на јавни средства? Дали комисиите што одлучуваат се навистина независни и стручни, или селекцијата се прави селективно, по неформални критериуми и под нечиј вкус, притисок или диктат? Со вакви одлуки, културата надвор од главниот град не се развива – таа се гаси тивко, без објаснување и без одговорност. Ова не е само удар врз еден фестивал. Ова е порака до сите културни работници во внатрешноста дека нивниот труд е лесно заменлив или целосно небитен, без оглед на годините работа и резултатите зад себе“, стои во реакцијата од Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...