Регионалната соработка е основа за претставување на светскиот пазар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Викендов во Белград заврши седмото издание на
меѓународниот саем за овоштарство, градинарство и лозарство „Агро Белград
2026“ кое започна на 29 јануари.
Во просторот на „Белградскиот саем“ повеќе од 500 излагачи од петнаесетина
држави, ги претставија своите новитети во областа на механизацијата,
ѓубривата, заштитата на растениајта, расадничкото производство и
семепроизводството, а се претставија и производители на свежо и замрзнато
овошје, зеленчук и грозје од цела Југоисточна Европа.

На саемот свое учество зедоа петнаесетина држави, се сретнаа голем број
купувачи и трговци, , а саемот беше посетен и од страна на делегациите на
Велика Британија, Италија, Романија, Грција, Турција и Полска.
Свој штанд на саемот имаше и Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство на Македонија претставувано од петнаесетина македонски
компании.
Компанијата за производство на кечап, мајонез, џемови, мармалади и сокови
„Ким“ од Неготино, третпат се претставува на овој меѓународен настан.
Комерцијалниот директор на компаниајта, Марјан Кузманов, изрази
задоволство од органзиацијата и од интересот за производите.

– Нашата фабрика постои веќе 27 години, а нашите производи се присутни во 25
држави низ Европа и светот. Годинава остваривме неколку значајни состаноци
за време на одржување на саемот, за кои се андевам дека ќе прераснат во
соработка. Постои интерес за голем дел македонски производи, не само од
нашата компанија, туку и воопшто. Како држава, препознатливи сме по
квалитетните овошје и зеленчук, се имаме долажано во преработката на овие
производи и затоа интересот за нив е најголем-вел Кузманов.

Меѓу неколкуте извозно ориентирани компании кои се претставија на „Агро
Белград “ 2026 е и млекарницата „Ѓорѓиеви“ од Радовиш, фирма која
традиционално учествува на овој саем од самите негови почетоци.
Крсте Ѓориев, претставник на компаниајта смета дека благодарение на проектот
Западен Балкан, отворени се нови можности за извоз и намалени се
бироткратските процеси кои го усложнуваат извозот.

– Овој настан за нас е одлична можност да ги обновиме контактите со нашите
парнери од регионот, да се сретнеме и да разговараме со нив, но и да создадеме
нови контакти за да го прошириме пласманот на производите. До пред неколку

години бевме буквалноз аглавени во лавиринтот на бирократските процеси и
потребните анализи. Сега, процедурата е скратена, а тоа особено за нас како
производители на млечни производи е од особено значење-вели Крсте Ѓориев.
Тој се андева дека уште повеќе ќе се стави акцент на уредување на увозот и
извозот меѓу Србија и Македонија, со што пласманот на производите ќе биде
зголемен.
– Особен беше интересот за овчкото и козјото сирење во однос на млечните
производи, а во однос на конзервираните има интерес за цвеклото и печената
пиперка во тегла. Ние сме мала држава, но имаме компании кои иматт квалитет
и капацитет да го зголемат своето производство, а со оглед на малиот домашен
пазар потребен е извоз на аншите производи. Токму затоа, овој настан е од
големо значење за македонските компании-истакна Ѓорѓиев.
Тридневната програма опфати и конференциска програма, годинава посветена
на заштитата на растенијата, новите пазари, иновациите, влијанието на
социјалните мрежи врз продажбата на земјоделлките производи како и теми од
областа на актуелното регенеративно земјоделско производство.
Компанијата „Нексус про агро“ од Сремска Митровица, првпат изложува на
саемот, производи од две странски компании кои нудат нови технологии во
насока на спречување на деградацијата на почвата и начини на справување со
климатските промени кои се актуелни во Србија и во регионот. Синиша
Ѓурѓевиќ, советник за биотехнологија и регионален претставник за советување
и продажба, смета дека модерната технологија со забрзани чекори навлегува во
земјоделството со што потребно е да се следат нови производствени трендови.
– Производите што ги нудиме ние, имаат задача да ја подобрат структурата и
да ја поттикнат микробиолошката активност на почвата. Нудиме производи на
база на микролементи и производи на база на живи органзими. Со актуелните
начини на производство, ние повеќе земаме отколку што ѝ даваме на почвата.Со
нашите производи сакаме да го зачуваме земјоделското земјиште и да им
помогнеме на производителите да имаат стабилни и високи приноси-вели
Синиша Ѓурѓевиќ.

Тој истакнува дека регионаланта соработка, не само во поглед на трговија, туку
и во поглед на размена на информации, искуства и знаења е особено важна.
– Србија и регионот заедно, претставуваат мал пазар. Потребна е интензивна
соработка меѓу земјоделците, при што ќе се случува здружување и размена на
информации. Без размена и без фер соработка, нема да имаме можност како
регион да се претставиме пред големиот светски пазар-подвлекува Ѓурѓевиќ.

 

Филип Димкоски (известува од Белград)
Фото: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Витаминка на ISM Келн: јакнење на меѓународното присуство и развој на нови деловни соработки

Витаминка и оваа година е дел од ISM во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред. Изложувањето на ISM се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното...

Во сообраќајна незгода тешко повредени двајца малолетни, сопатници на возраст од седум и девет

На регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, прилепчанец  изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. На 01.02.2026 во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со...

Од март нов оперативен план за вработување “тежок„ 42 милиони евра, стартува законот за работно ангажирање, ќе се зголеми младинскиот додаток…

ГОДИНАВА 42 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МЕРКИТЕ ОД АВРМ. МИНАТАТА ГОДИНА НАД 15.000 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ГИ ИСКОРИСТИЛЕ ОВИЕ ПАРИ. Заменик Министерот за економија, Марјан Ристески посочи дека оваа година ќе има 42 милиони денари за мерките од АВРМ за вработување. . Потикот е минатата година каде имало историски највисоки оперативен план ...