ГОДИНАВА 42 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МЕРКИТЕ ОД АВРМ. МИНАТАТА ГОДИНА НАД 15.000 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ГИ ИСКОРИСТИЛЕ ОВИЕ ПАРИ.
Заменик Министерот за економија, Марјан Ристески посочи дека оваа година ќе има 42 милиони денари за мерките од АВРМ за вработување. . Потикот е минатата година каде имало историски највисоки оперативен план од 40 милиони евра кој дал позитивни резултати и голем степен на реализација од над 90%. ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН НА АВРМ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД МАРТ.
„Со овој Оперативен план беа опфатени минатата година вкупно над 15.000 невработени лица, од кои над 60% млади невработени лица до 29 години, кои ги користеле овие мерки. Најпопуларни мерки од минатиот Оперативен план беа мерките за самовработување, помош за раст во постоечките производни капацитети, мерката практикантство, зелената агенда односно зелената економија мерки поврзани со вработувања преку зелена економија“, рече Ристески.
НАД 15.000 ЛУЃЕ ДО КРАЈОТ ОД ГОДИНАТА ОЧЕКУВАМЕ ДА ИМААТ РЕГУЛИРАН РАБОТЕН АНГАЖМАН СО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Законот за работно ангажирање е пред се за сузбивање на сивата економија околу пазарот на трудот, каде што покрај тоа што немаме доволно работна сила на пазарот на трудот во одредени дејности, имаме и доста работа на црно, истакна заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
„Опфатени се 3 дејности со овој Закон, дејностите угостителство, земјоделие и услужни дејности во домаќинство. Ако даде добар ефект, а сметаме дека ќе даде добар ефект овој Закон, очекуваме преку 15.000 луѓе на крајот од годината да имаат регулиран работен ангажман со овој Закон, а не да работат на црно токму во овие дејности. Тогаш ќе го прошириме овој Закон и со други дејности каде што фали работна сила“, потенцираше Ристески.
МЛАДИНСКИОТ ДОДАТОК СЕ ЗГОЛЕМУВА ОД 3 НА 5.000 ДЕН. ЗА ЛИЦАТА ДО 23 ГОДИНИ КОИ БИ СЕ ВРАБОТИЛЕ ВО ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ
Позитивна страна за задржување на младите и вклучување во производните процеси во Македонија е токму младинскиот додаток и позитивна страна оваа година е што младинскиот додаток е зголемен од 3 на 5.000 денари, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
„Ги повикувам сите заинтересирани страни и производни капацитети во Македонија, фирми кои сакаат да вработат млади да ги вработат, затоа што покрај платата која ја добиваат ќе го добиваат и овој младински додаток кој е 5.000 денари, значи зголемување за цели 2.000 денари“, рече Ристески.









