100 години од раѓањето на Тодорка Кондова Зафировска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден во 1926 година во Прилеп родена е театарската, радио и ТВ режисерка Тодорка Кондова Зафировска. Таа е првата   високообразувана, дипломирана режисерка во современиот македонски театар. Дипломираа на Академијата за театарска уметност во Белград во 1952 година, во првата генерација од основањето на Академијата во Белград.
Во својата безмалку полувековна кариера, Кондова беше пионерка и првенка во многу нешта.
Во нејзината биографија има повеќе историски датуми, а некои се: улогата во првата претстава на мaкедонски јазик во 1945г., МНТ -„Платон Кречет“. Првата режија во МНТ во 1956г., „Домот на Бернарда Алба“од Лорка.  Многумина ја паметат по улогатата на Евдокија во тв-серијата „Солунски патрдии“ и по улогата на Атина во „Викенд на мртовци“
Во групата е која го основа денешниот Драмски театар, чија вечерна сцена почнува со работа со нејзината режија на „Богомилска балада“.
Кондова е прва жена доцент, а потоа и професор на ФДУ-Скопје, од 1976-1982, кога оди во пензија. Автор е на првиот учебник за глума, ,,Актерско мајсторство”, 1983 година.
Тодорка Кондова Зафировска загина на 29 мај 2003 година во Скопје на 77 годишна возраст.
Во моментов во подготовка е книга која ќе претставува архива, но и сеќавање и инспирација. Изданието е поддржано оф Министерството за култура и туризам на Македонија, а издавач ќе биде Арс ламина од Скопје.
фото: Зоран Кардула
видео: Горан Марковски

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...