Никој не сака да го гледа својот најблизок како се бори за живот. Семејството од Моника, нејзината сестра апелира за помош бидејќи тешко е да се истрае. Само за неколку мигови со донација на телефонскиот број: 143 132 на Т Мобил можете и вие да помогнете.
Ова е приказната од Моника:
„Се бориме со таа болест и секој ден е борба да остане позитивна, да издржи прејака терапија. Таа е позитивна иако има моменти кога е неиздржливо, но за мене и мајка ми најголема надеж и светлина во оваа агонија е што Моника ни ветува дека ќе издржи и ќе победи. Сакам пак да излеземе заедно, да се смееме, да се врати таа моја сестра што беше толку силна и работеше. Сега мора да јаде само био производи, со секојдневен режим на исхрана и сокови. Таа се бори, и ние со неа, но за лек и спас ни се потребни средства што ги немаме.
Терапијата во Турција ни дава надеж за лекување и победа на оваа болест. Тие терапии се за живот на Моника.
Ова не е нешто што може да се реши со оперативен зафат – не е возможно, затоа што ракот е агресивен и се прошири во целото тело за само неколку месеци.Постои ризик на коскената структура, метастази на коски, надбубрежни жлезди и на бели дробови, а примарниот е во десната града. Докторскиот тим во Турција никако не ја зема во предвид операцијата, затоа што е преризично, велат од семејството на Моника.









