Центар за управување со кризи: патните правци во Пелагонија се проодни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот:

Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.

Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.
Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај. Поради врнежите од снег, Автомото-сојузот на Македонија, апелира на зголемена внимателност при управување со возилата:

„Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани на терен, со потребната механизација и работна сила, и континуирано вршат расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се преземаат активности за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Покрај внимателното и совесно возење, АМСМ препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патиштата. Возачите се советуваат навремено да се информираат за состојбата на патните правци преку информативните центри.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на планинските превои Стража, Маврово – Дебар и Пресека.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година...

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утре ќе оствари работен состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. Според најавата од кабинетот на министерот, состанокот е закажан со почеток во во 11.00 часот во хотелот Салида и се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на одгледувачи на...

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Програмата има за цел да ја...