Жена почина, тројца повредени при превртување на возило

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На локален пат кон селото Русјаци, Македонски Брод, вчера се случија тешка сообраќајна несреќа во која 41 годишна жена почина на лице место, а тројца, меѓу кои едно дете се здобиле со повреди констатирани во Прилепската болница.

Несреќата се случи на кривина со тесен коловоз, возилото излетало од патот и се превртело. Сопатниците се стабилни и примаат терапија – изјавуваат од СВР Битола, каде што извршиле увид на местото на несреќата.

„На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на почината е дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола,“ стои во полицискиот билтен.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Центар за управување со кризи: патните правци во Пелагонија се проодни

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот: Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но...

Кривична против двајца прилепчани за повикување на омраза и нетрпеливост на социјална мрежа

Полицијата поднесла кривична пријава против двајца прилепчани кои на објавата од информативен портал на социјална мрежа, во ноември 2025 та , повикувале на омраза и нетрпеливост:

Кривична против двајца прилепчани за повикување на омраза и нетрпеливост на социјална мрежа

Полицијата поднесла кривична пријава против двајца прилепчани кои на објавата од информативен портал на социјална мрежа, во ноември 2025 та , повикувале на омраза и нетрпеливост: