Малиот Јован од Делчевско, кој има тешка и болна животна судбина го прослави 12-иот роденден во незаборавна атмосфера во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, Ана Симонова и Методи Митев организираа роденденска прослава за малиот Јован Лешоски од селото Ветерен, Делчевско, дете со тешка и болна животна судбина.

На својот роденден и именден, Јован за првпат запозна нови другарчиња од Кочани и со искрена детска радост прими бројни подароци од луѓе кои дотогаш никогаш не ги видел.

За момент, насмевката на неговото лице ја засени суровата реалност со која секојдневно се соочува ова семејство.

Но, зад таа насмевка се крие голема мака.

Таткото на Јован, Зоран, денеска беше хоспитализиран во Општата болница во Кочани, од каде ќе биде препратен на понатамошно лекување во Скопје.

Тој има сериозен здравствен проблем со една нога – една операција веќе е извршена, но поради влошената состојба, неопходна е уште една интервенција.

Но на прославата за изненадување дојде и неговиот татко.

Трагедијата е уште поголема ако се знае дека Јован пред три години ја загубил својата мајка.

На само 12 години, тој е принуден да порасне побрзо од своите врсници.

Покрај редовното посетување на училиштето, Јован ги извршува и сите домашни обврски, обидувајќи се да се грижи за таткото и за домот колку што му дозволуваат детските години.

Веднаш по завршувањето на роденденската прослава, благодарение на хуманоста на нашиот сограѓанин Дејан Атанасов, беше обезбеден превоз и беше направена посета на домот на семејството.

Сликата што нè пречека беше тешка и вознемирувачка – лоши услови за живеење, сиромаштија и недостиг од основна покуќнина и елементарни услови за нормален живот.

Оваа приказна е силен апел до сите хумани граѓани – доколку сте во можност, помогнете со донација на покуќнина и основни средства за живот.

За некого тоа можеби е мал гест, но за ова семејство може да значи надеж, поддршка и достоинствено утре.

Хуманоста сè уште живее меѓу нас.

Денес тоа го докажаа оние што решија да бидат светлина во туѓата темнина и да му подарaт барем малку радост на едно дете кое заслужува многу повеќе.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Регионални спортски игри на пензионерите

В четврток,  28 мај, со почеток во 10 часот, на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржат 30. Регионални спортски игри на пензионерите. Домаќин на спортскиот настан е Здружението на пензионери – Кочани, а ќе учествуваат здруженијата на пензионери од Виница, Македонска Каменица, Берово, Делчево и Пехчево.

25 Мај – празникот што ја обединуваше Југославија

Со Штафетата на младоста и масовниот слет на стадионот ЈНА во Белград, 25 мај беше еден од најзначајните празници во поранешна СФРЈ. Празникот се одбележувал од 1945 до 1988 година и бил поврзан со роденденот на Јосип Броз Тито, иако според историските податоци Тито е роден на 7 мај 1892 година. Во првите години 25

Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув