Приведени прилепчани, кај нив пронадена и одземена дрога

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кај двајца прилепчани во  патничко возило полицијата во вечерните часови пронашла и одзела дрога.

Настанот се случил  на 15.01.2026 во 22:20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода 44-годишната Е.С. и Д.С.(43), двајцата од Прилеп. При контрола на патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки на кеј „4 Јули“ во Прилеп, полициски службеници пронашле и одзеле грутчеста материја и други предмети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година...

Министерот Цветан Трипуновски утре на работен состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски утре ќе оствари работен состанок со претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци. Според најавата од кабинетот на министерот, состанокот е закажан со почеток во во 11.00 часот во хотелот Салида и се очекува да присуствуваат претставници на здруженија на одгледувачи на...

Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април, во Прилеп ќе се одбележува со култура и уметност

По повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, Општина Прилеп организира настан со наслов „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“, кој ќе се одржи утре (среда), 8 април 2026 година, со почеток од 17:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“. Програмата има за цел да ја...