Ловџии од долненско фатени во незаконит лов. Полицијата ги приведе:
На 07.01.2026 во 15:15 часот на патниот правец кон с.Зрзе, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Р.А.(36) и Љ.Р.(36), двајцата од с.Црнилиште, општина Долнени. Тие биле затекнати при незаконит лов, по што се обиделе да побегнат, но набргу се фатени и лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.









