Поплави на поедини места и во прилепско, следува заладување со дожд и снег

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто ниво за предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците.

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денес ќе има врнежи од снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени,  каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат со 52 Охрид, 48 Претор, 39 Маврови Анови, 35 Пожаране, 34 Крива Паланка, 32 Битола, 31 Тетово, 24 Прилеп, Тополчани, 23 Попова Шапка, 19 Берово, 16 Штип, Виница, Струмица, 15 Велес, 14 Скопје-Зајчев Рид, 13 Ѓуриште, 12 Скопје-Петровец, Пожар-Радовиш, 8 Кавадарци, 6 Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дождот кој што непрекинато врнеше и во прилепско предизвика поплави на патните правци, вообичаено на регионалниот пат Прилеп – Крушево кај месноста Бегови ливади.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започнува пријавувањето за учeство на “Водици 2026”

Општна Прилеп со православната црква во Прилеп се подготвува за одбележување на христијанскиот празник Богојавление (Водици). Чинот на големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на Светиот Крст ќе се изврших во водите на базенот при хотелот „Салида“ (Аквапарк), на 19 јануари (понеделник),  во 12:00 часот. Пријавувањето на учесниците ќе се врши...

ЦУК: По излевањето на реката Црна кај Бучин, водата се повлекува, состојбата се нормализира

Состојбата со зголемените водотеци во Пелагонија и локалните проблеми кои настанаа со излевање на реките, постепено се нормализира, известува Центарот за управување со кризи.  Во Прилепско не се пријавени проблеми со излевање на водотеци:

Полицијата приведе двајца затекнати во незаконски лов во долненско

Ловџии од долненско фатени во незаконит лов. Полицијата ги приведе: