(Видео) Бадниковите и божиќните обичаи членките од Преродба ги негуваат 20 години

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Рано утрово, коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Со стапчиња/коледарчиња во раце, од куќа во куќа, пеејќи ја песната „Коледица, варварица“, коледарчињата ги посетуваа домаќините од кои добиваа подароци: јаболчиња, круши, костенчиња, слатки, оревчиња, парички, како благодарност за благата вест.

„Коледарчињата ги има се помалку, но ние мора да ја оджуваме традицијата, да ја почитуваме и негуваме, бидејќи таа е во нашиот македонски дух, тоа е смислата на нашето постоење. После шестнеделниот пост бадниковата вечера ја заокружува посната храна, на која има мали сармички, јаткаст производи, костенчиња, тиква, баклава, урми, смокви, гравче, мазник. Период кога се очекува раѓањето на младенецот. Ако не беше раѓањето на Исус ќе немавме ни воскресение. Почетокот на нашата вера, на нашето постоење, на се она што е изворното, традиционално, на се она што го имаме како народ, во текот на нашето 20годишно постоење на здружението Преродба, успеавме барем дел да им го пренесеме на нашите генерации, што е и цел на постоењето на нашето здружение.“, рече Лилјана Ѓорѓиоска

„Бадниковата вечера е посна. Традиционално е собирањето на семејството,да биде дома, здружено, затоа не случајно се вели „Пред Божик и зад Божик кајд да си, дома да си“ Зошто? Тоа симболизира дочек на новороденче, така сите правиме кога чекаме новороденче, а сега го чекаме со радост раѓањето на Исус и сме радосни, и затоа треба да бидеме сите заедно.Откако на Бадник семејството ќе вечера,не се раскрева трпезата,затоа што се верува дека Бог ќе дојде на вечера.Другиот ден е Божик,најрадосниот ден во годината, кога се раѓа нашиот Спасител, Исус Христос и кога трепезата е свечена, божиќна и храната е мрсна’., рече Ленче Спиркоска, членка на Преродба.“

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник е на 6-ти јануари секоја година, а Божиќ на 7-ми. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста на семејството кое будно го чека Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден. Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, и од тоа таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

Следниот ден е Божиќ, кога започнува и убавото поздравувањето со „Христос се роди-Навистина се роди!“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Планиран прекин на електричната енергија во мариовско

Регионалниот центар за управување со кризи известува за ПЛАНИРАН ПРЕКИН на електрична енергија денеска 08.01.2026 година ( четврток ) од 11.00 ч. до 15.00 часот во следните населени места од мариовскиот регион : с. ВИТОЛИШТЕ, с. БЕШИШТЕ, С.СТАРАВИНА, с. ЗОВИЌ, с. БУДИМИРЦИ и с. ГРАДЕШНИЦА.

Поплави на поедини места и во прилепско, следува заладување со дожд и снег

Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто ниво за предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денес ќе има врнежи од снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови...

Божиќен 20 ти jубилеен ручек во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

По Јубилеен 20-ти пат во организација на Детската амбасада за сите деца во Светот, 500 деца се дружеа на свечен Божиќен ручек во Прилеп, славејќи го Христовото раѓање. Гости пристигнаа деца од цела Македонија кои на заедничка трпеза го прославија Божик,  од Прилеп, од Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид,...