Пронајден изгубениот прилепски планинар на планината Пелистер

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Триесет и седумгодишниот планинар од Прилеп кој беше пријавен како изгубен на Пелистер и за кој попладнево се трагаше и беше организирана спасувачка акција од Центарот за управување со кризи (ЦУК) слегол жив и здрав од планината. Оваa информација  за медиумите ја потврди и  директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски.

(Ексклузивна фотографија од пронајдениот планинар од Прилеп е од Тера Тв која е добиена
од планинарот Омер Бесимовски, на која е сликан планинарот по кој се трагаше во моментот кога слегол во Ниже Поле)

Како дошло до оваа случка?

Како дошло до оваа случка?

Според непотврдени информации,  прилепскиот планинар кој се движел со група планинари, од силниот ветер му испаднал телефонот кој го имал во рака. Тој барајќи го телефонот, останал зад групата, застанал на местото во исчекување дека групата ќе се врати назад. Но, групата планинари продолжиле да го бараат. По триесетина минути , откако планинарот не можел да ја најде патеката по која се движел, нашол друг пат и се движел надолу до Ниже Поле.
За среќа, се поминало во најдобар ред и планинарот што денеска се изгуби на Пелистер нема никакви последици по неговото здравје.

Денеска на подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, било пријавено дека е изгубен планинар. Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што не бил достапен сигналот на неговиот мобилен телефон. Потрагата првично започнала со ратрак, за подоцна случајот да биде пријавен во СВР Битола и во Националниот парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатија на терен. Теренот бил непристапен со густа магла, и од Ситуациониот центар биле побарани координати за лоцирање на планинарот.
За среќа се се завршило успешно.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...