Два часа по полноќ Прилеп го доби првиот жител на градот во новата 2026 година. Првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп е машко, а мајката Софија ја доби својата втора рожба, синот Герасим .
Градначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски претпладнево го посети одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп и до мајката и бебето упати искрени желби за добро здравје, среќно и безгрижно детство и долг живот сполнет со љубов. Во знак на внимание и поддршка, тој во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, на семејството им подари штедна книшка и пригодни подароци за новиот член.
“Овој убав и симболичен почеток на годината кој ни„ дава дополнителна мотивација и обврска уште повеќе и посветено да работиме на создавање подобри услови за младите семејства и за зголемување на наталитетот во нашата општина. Грижата за новите генерации е инвестиција во иднината на Прилеп и затоа ќе продолжиме со политики и мерки кои ќе го поддржуваат семејството, родителството и квалитетниот живот во нашиот град. Со многу надеж и оптимизам, продолжуваме да градиме подобра сегашност и посигурна иднина за сите наши сограѓани“ истагна, Проданоски.
Бебето и мајката се во одлична здравствена состојба, велат од гинеколошко акушерското одделение при ОБ “Борка Талески“ Прилеп, кои исто така, заедно со опшествено одговорната компнија Автоконтрол и подарија на мајката пригодни подароци.
“Бебето се роди по природен пат, со тежина од 4 кг , долго е 51 см и е во одлична здравствена состојба. Мајката е второротка и е исто така во одлична здравствена состојба. Им посакуваме многу среќа и радосно, весело детство и многу здравје нему и на семјството„ истакна директорот на ЈЗУ ОБ “Борка Талески„ – Прилеп, Кире Јоноски.
Во привот ден од годината во утринските часови Прилеп доби уште три нови жители, две машки и едно девојче, едно од нив, од с. Црнилиште.









