Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година изнесува 2.472.428.114 денари или над 40 милиони евра, што споредбено со Буџетот од минатата година е повисок за 411.061.175 денари „и е исклучително развоен“, вели градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Средства во Буџетот за капитални инвестиции како дел од 11 милиони евра за Прилеп од централната власт:
Од предвидените капиталните проекти и програми во овој Буџет приоритет е даден на оние проекти кои се финансирани од буџетот на државата, како што е изградбата на кружниот тек кај мостот Табана, со кој Прилеп ќе добие современо и безбедно сообраќајно решение за поквалитетен проток на возилата кои што се движат кон центарот на градот со 2 коловозни ленти кој чини 138 милиони денари и е планиран да биде завршен до средината на 2026 година;
Изградба на ул.„Победа“, која исто така интензивно се гради како дел од 11 милиони евра за Прилеп за инфраструктурни проекти преку јавните повици од Владата;
Изградба на мост на ул.Победа кој ќе ги поврзе двете фази од оваа улица со што Прилеп ќе добие пофункционална и побезбедна сообраќајна слика;
Реконструкција на водоводна мрежа на ул Кузман Јосифоски;
Изградба на водоводна мрежа во с. Леништа;
Изградба на водоводна мрежа и потисен цевковод во индустриската зона пред с. Селце и водоводна мрежа во манатиркиот комплекс св.Димитрија во с. Селце;
Реконструкција на ул.„Орде Чопела“ , проширување на улица „Трајко Николоски“ со изградба и реконструкција на електрични столбови и трафостаници; доизградба на фабриката за отпад во близина на депонијата Алинци на простор од 6000 m2 каде веќе е халата за селекција на отпад ;
Рехабилитација на 20 км сообраќајна инфраструктура во населените места и градот Прилеп;
Рехабилитација на ударни дупки и улици низ градот, изградба на Обиколница Исток која ќе биде долга 1,6 километри , широка 5,5 метри, а ќе ја поврзува клучката за новиот автопат со стариот пат кон вештачкото езеро и ќе го растовари сообраќајот.
“Сообраќајот е движечка сила на економијата, а ние со овие проекти ќе му дадеме модерен и функционален облик“, вели Проданоски .
Проекти за подобрување на инфраструктурата во Прилеп
Во рамките на проектите предвидени во Буџетот на Општината за 2026 година се и:
Изградба на мултифункционално плато во паркот на Могилата на непобедените;
Изработка на Генерален Урбанистички План за град Прилеп ( 2028-2038 ),
Фотонапонска централа на прочистителната станица, изградба на улици и проширување на индустриската зона Металец,
Изградба на улици во индустриската зона накрши Жито Прилеп;
Изградба на инфраструктира во населба Градина;
Поставување на урбана опрема и партерно уредување на просторот кај хотел Скопје;
Поставување на полуподземни контењери низ 21 точка со што ќе се подобри целокупната слика за собирањето на отпадот;
Интеграција на СКАДА и ГИС системот како и реконструкција на системот за мониторинг и управување со ПСОВ во Прилеп;
Изградба и реконструкција на спортски игралишта, поставување на урбана опрема ( градски вециња ) на 4 локации во градот, одржување на урбаната опрема итн.
За прв пат еднократна помош за првачиња
Новиот Буџет предвидува и нови проекти. За прв пат во Буџетот за 2026 година предвиена е еднократна парична помош од 3.000 денари за секое запишано прваче како финансиска помош на родителите кои што за прв пат го запишуваат своето дете во прво одделение.
Повеќе средства за културата и спортот
Во Буџетот за 2026 година се зголемуваат средствата за поддршка на културните манифестации, спортот и физичката култура:
За оваа намена предвидени се 24.985.000 денари од кои за поддршка на спортските клубови се 12.000.000 денари, 500.000 денари се за стипендии за млади таленти спортисти;
10.985.000 денари предвидени се во програмата за култура за поддршка на културните манифестации кои што ќе се случуваат во текот на 2026 година;
1.500.000 денари за капитални расходи за купување на куќарки и тезги за потребите на повеќе културни манифестации и базари во кои ќе се одржуваат во Прилеп
И 3.000.000 денари за реконструкција на спортски игралишта.
Буџетска поддршка за јавните комунални претпријатија
Во вкупен износ од 89.290.000 денари предвидена е и буџетската поддршка за финансиска стабилност и ликвидност на Јавните комунални претпријатија за субвенционирање на нивните годишни оперативни планови : за ЈП за ПУП – 24.290.000 денари, за ЈКП Комуналец – 60.000.000 денари, за ЈКП Водовод и канализација – 4.000.000 денари и за ЈКП Пазари планирани се 1.000.000 денари.
Повеќе пари за образованието, социјалната и протипожарната заштита
Во вкупниот Буџет за 2026 година, повеќе финансиии ќе има и за основното и средното образование – планиран се 1.037.410.043 денари, во социјална заштита на деца и стари лица 268.597 денари, за финансирање на градска библиотека испланирани се 14.097.711 денари, но сериозно се зајакнува и противпожарната заштита – за финансирање на противпожарната заштита во Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година се испланирани 65.137.000 денари за пожарникарите.
“Со реализирањето на Капиталните расходи од Буџетот за 2026 година во бизнис секторот ќе бидат вратени приближно 12 милиони евра, што ќе даде дополнителен импулс за заживување на локалната економија.
Само заедно, со транспарентност, доверба и заедничка цел, можеме да го претвориме Прилеп во пример за современа, просперитетна и грижлива Општина и да изградиме пофункционална, поубава и поодржлива Општина Прилеп во 2026 година“,посачи градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и ги покани граѓаните заедно на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ да ја испратат старата и да ја дочекаат новата 2026 година.









