Се интензивираат активностите за изградба на кружниот тек кај Табана. Тешката механизација работи и во овие претпразнични денови, се подготвуваат темелите – статиката за новите два моста кои ќе бидат споени со постоечкиот мост над коритото на Градската река.Проектот e од првиот повик на Владата, вреден 138 милиони денари и е еден од најголемите кои што го доби Општина Прилеп. Во тек е надградба на постоечкиот мост кој што со изведбата треба да биде широк 75 метри. Воедно при увидот на градежните работи градоначалникот Проданоски најави активности и на две други локации во Прилеп:
„Овој капитален објект би значел растоварување на сообраќајот, на сегашната двојно семафоризирана крстосница. Со ова сметаме дека конечно би се надминале проблемите односно намалување на густината и гужвата во сообраќајот, но и визуелно подобрување на урбаниот дел од градот. Ќе се обезбеди сериозно функционално подобрување на главната собраќајна мрежа, бидејќи оваа крстосница е една од главните артерии која што води до центарот на градот. Веќе наредниве денови ќе биде пуштена на јавна набавка, изработка на проект на документација за обиколницата Исток, која што ја ветивме пред нашите сограѓани, има интензитет на градежните работи на улицата „Победа“, веќе мислам дека и треба да е пуштен тендерот за изградба на уште еден мост на градската река, која што би ја поврзувал двете фази од улицата Победа. Со тоа, овој североисточен дел од градот да го поврзаме со три нови собраќајници, кои што би значиле сериозно намалување на гужвата која што води до центарот на градот и до населбите од североисточниот дел на градот,“ рече градоначалникот Дејан Проданоски потенцирајќи дека проектот за кружниот тек на Табана треба да финализира во првата половина од 2026 та.
Во тек се градежните работи за изведба на два моста кои ќе бидат споени со постоечкиот:
„Проектот се состои од поврзување на веќе постоечкиот мост со два нови моста. Исто така како има и пешачка патека, како и велосипедска патека. Доколку не’ послужи времето, ќе бидат завршени градежните активности до средината на наредната година, 2026 година, посочи Бобан Атанасоски од фирмата изведувач Топ Билд.
Учесниците ќе бидат навремено информирани за измените во одвивањето на сообраќајот:
Сообраќајот ќе се одвива по одобрен времен режим, кој што го има изработено фирмата изведувачи, истиот предвидува делумно да се затвараат улиците по фази. Прва фаза да биде затворена Кеј 1ви Мај, па кај 9 ти Септември и напоредно пуштање на истите. Раскрсницата нема да да биде затворена комплетно. Исто така, на пролет продолжуваме од раскрсницата, 11 ти Октомври, новиот кружен тек, кон кружниот тек кај Солидност, кај што имаме предвидено реконструкција на тротоарите, уличното осветлување и поставување нови ивичњаци и нов асфалт, посочува Владимир Христоски, раководител на одделението за Урбанизам.









