Присуствуваме на отворањето на музичката соба! Гласна музика, насемани лица на многу млади луѓе кои беа радосни што добија простор за нивните музичките проби! Овие пет години, оваа музичка соба ќе биде место за вежбање на младите музички локални теленти. Засега тоа се неколку групи и индивудални вокали, но во иднана се очекува многу млади музички таленти да бидат дел од оваа приказна, која започна од идејата – недостиг на простор за вежбање и развивање на музичките квалитети кај младите кои ја сакаат музиката.
И идејата се преточи во реализација! Во недостиг на функционален простор за музичко вежбање на локалните млади музички волонтери, аматерски млади музички бендови, ученици и индивидуални музичари, по иницијатива на локалната самоуправа и Младинскиот совет Прилеп, во Прилеп се отвори музичката соба, во простории на ЦК Марко Цепенков-Прилеп,единствена од ваков вид во Македонија. Музичката соба е опремена со основни инструменти, звучна изолација и аудио опрема, што ја прави идеална за проби, снимања и одржување на мали концерти. Проектот чини 225 илијади денари, во кој општината кофинасира 75 илијади денари.
„Ова е голем чекор кој значително ќе ја подобри музичката разноликост, ќе ја поттикне креативноста кај младие кои ја сакаат музиката, ќе создае нови млади музички групи и музичари кои ќе ја збогата музичката клтурна сцена во општината. Ова можеби е само мал придонес н алокалнат асамоуправа, но важен чекор за младинска поддршка, дружење на младите кои имаат ист интерес и размена на искуства за поквалитетен културен развој на градот“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Идејата потекнува од младите, велат од Младинскиот совет Прилеп.
„Во нашата заедница постоеше недостаток на достапн и прифатлив простори за музичко вежбање, што претставува голема пречка за развојот на младите музичари. Локалните млади волонтери и аматерски млади музички бендови покажуваат дека многу млади не можат да ги реализираат своите потенцијали поради овој просторен недостаток. Ова е прва ваква музичка соба која се отвора во Македонија и неа ќе ја користат младите луѓе во договор со Центарот за култура.“, вели Зоран Илиески, претседател на Младинскиот Совет Прилеп.
“Ова е одлична можност да ги обавуваме музичките проби,бидјеќи често бевме во неможност тоа да го правиме во нашите домови или подруми, каде што вежбавме,поради бучавата и реакциите на соседите.Но, сега покрај можноста за одржување на музички проби, ќе имаме можност и да се сретнуваме со други локални музичари и да разменуваме идеи„, рекоа младите прилепски музичари кои веднаш ги започнаа музичките проби.
Музичката соба ќе биде достапна за сите заинтересирани млади, со претходна најава и почитување на правилата за користење. Со оваа иницијатива, Прилеп се позиционира како град кој активно инвестира во културниот развој и поддршката на младите генерации.









