(Видео) Поради сообраќајна несреќа на гостите не се одржа финалето на светиниколскиот турнир

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипите на АСП ПАК од Охрид и ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, вечерва требаше да се сретнат во финалето на традиционалниот Светиниколски турнир во мал фудбал. Но, финалниот натпревар не се одигра, откако дел од екипата од Охрид доживеа сообраќајна несреќа доаѓајќи кон Прилеп.

Организаторите во договор со екипата финалист од Прилеп и двете екипи ги прогласија за победници, а одлуката беше проследена со аплауз од публиката.

Сообраќајната несреќа се случила околу 21 часот пред населеното место Тополчани каде од патот излетале две возила, а интервенирале и екипи од противпожарната единица.

Засега нема точна информација колку лица се повредени и во каква состојба се наоѓаат.

Според организаторите, фудбалерите кои вечерва доживеаја сообраќајна несреќа, наводоно не се тешко повредени и им била укажана медицинска помош.

Во 22ч. патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола,кој беше во прекин е пуштен во двата правци,информираат од АМСМ

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Оружје и муниција пронадени во битолско – лишено од слобода едно лице

Денеска (28.12.2025), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода А.А.(51) од с.Кишава, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска...

Уапсен пијан возач на БМВ

Возел пијан и завршил во притвор. Кај Возачот на БМВ измерени  биле 1,65 промили алкохол во крвта. На 28.12.2025 во 03:30 часот во Прилеп,  полициски службеници од ОВР Прилеп  го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп. При сообраќајна  контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки,...

(ВИДЕО + ФОТО) – Новогодишната приказна ги прави среќни прилепчани

Новогодишната приказна во центарот на Прилеп има посебна магија.И вечерва новогодишнаата „тајфа” бепе секако добредојдена на минусните температури.Без разлика на се сите кои беа , едноставно уживаа , пееа , играа , со една новогодишна супер атмосфера само покажаа дека овие празнични денови и тоа како им се потребни на...