(ВИДЕО)Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Таа кобна ноќ, среќа е што не ги совладал сонот, биле будни и се наоѓале во помошната просторија веднаш до куќата. Не биле свесни дека пожарот се шири се додека соседот не им кажал дека нешто гори. Осумчлената фамилија која наскоро ќе добие уште еден најмлад член сега живее раздвоено кај роднини и пријатели. Се сомневаат дека пожарот започнал од дотраената електрична инсталација. Денес се’ е срушено, дворот е празен…„Среќа што не спиевме и ние ќе изгоревме заедно со покуќнината и тутунот. Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме,“вели Благадушоска.

До пред 10 тина денови никој од семејството на Јане Благадушоски од село Воѓани не претпоставуваше дека ќе останат без дом и се’ што печалеле, куќата, покуќнината, тутунот ќе го уништат пламените јазици во една вечер на 16 ти декември. Деновиве донации пристигнуваат од сограѓаните, од фирми, од институции, а се организираа и тутунарите индивидуално и преку Сојузот на тутунски здруженија. Претседателот на Сојузот Кире Ристески посочи дека организацијата ќе му донира средства на семејството со цел што побрзо да ги надминат овие тешки денови:

Радио Пела наредниот ден веднаш по пожарот објави апел за донации

Да помогнеме-семејство од Воѓани остана без дом

Трансакциска сметка за донации:

Име и презиме на примачот: Јане Благадушоски, с. Воѓани, ул. „Најдо Најдоски“ бр. 149

Број на трансакциска сметка: 270700006540756

Банка: Халк Банка АД Скопје

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници семејството се надева на помошта од хуманите луѓе и Општина Кривогаштани упати апел за донации:

Јавен апел за хуманитарна помош

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО + ФОТО) Новогодишната приказна ги размрда прилепчани

Нема ништо поубаво од новогодишна приказна која трае.И оваа вечер на истото место со нова предновогодишна магија , со многу музика , греано вино , убаво друштво и гушнати луѓе кои зрачат со позитивна мисла и енергија која плени.Сите заеднички го креираат својот свет , се разбира секој по нешто...

За новогодишната ноќ се очекува снег и ниски температури под нулата

Новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година (1 Јануари 2026 четврток) ќе ни донесе многу ладно време а тоа значи дека ќе бидеме под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе предизвика да дува засилен ветер од северен правец, велат метеролозите. Врнежите  од снег  ќе...

(Видео)Прекрасна новогодишна изведба на четвртооделенците од ООУ „Блаже Конески“

Учениците од 4-3 одделение, од ООУ „Блаже Конески“ -Прилеп ги почестија прилепчани со прекрасна музичка изведба и со спод по повод Нова година. Идејата ја нивната наставничка Весна Арсиќ, ја прифатија и проф. Марјан Златески и проф. Јулијана Д. Златеска и заеднички со дечињата создадоа изведба што влева надеж и...